јуни 2, 2021

Скопје/Охрид, 2. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Почнувајќи од 23-ти мај, нискобуџетната авиокомпанија WizzAir почна со постепено отворање на седум линии до четири дестинации од двата македонски аеродрома, во Скопје и Охрид.

Земји во кои WizzAir повторно ги отвора летовите се Франција, Германија, Австрија и Шведска, односно Париз Бове, Базел-Мулхаус-Фрајбург, Фридрихшафен, Дортмунд, Виена, Карлсруе/Баден-Баден и Малме.

Поради ковид-пандемијата во текот на минатата година авиокомпаниите ги намалија летовите, но со тековниот летен ред на летање повторно ги враќаат. (Крај)

извор: 360 степени фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука